Search

Ковачевски: Нема да легализираме криминални пари, туку легално заработени, а непријавени

„Не се работи за криминални пари, ние сме дел од државите кои преминаа од еден во друг систем на уредување и ние сме една од државите, според оценките и од дома и од надвор, дека имаме високо ниво на сива економјија, една третина од економијата е надвор од официјалните текови, не се плаќаат даноци, а тоа прави нелојална конкуренција. Логично е дека оној што не плаќа данок има пониска цена на производот или услугата. Ова решение кое ќе го понудиме преку закон изработен со експерти од финансии, од финансиско разузнавање, од дирекцијата против перење пари, се со цел да имаме решение за оние пари кои се стекнати на легален начин, но не пријавени, да се пријават и да се стават во тековите финансиски на државата. Преку ова позитивно да се влијае на БДП. Немаме се уште законско решение, но се дебатира и се работи на тоа. Откако ќе имаме решение ќе го дебатираме и јавно за да се дефинира неговиот текст, но никако тоа нема да се однесува на криминалните пари, особено стекнати од шверцерски активности, како дрога, оружје и слично.“ изјави Димитар Ковачевски, заменик министер за економија, во „Топ тема“ на Телма.

Треба да знаете
Последни објави