Search

Ковачевски на ТВ 24: ЕСМ враќа 10 милиони евра кај граѓаните за набавка на 10.000 инвертори за поголема енергетска ефикасност

АД Електрани на Северна Македонија е посветена на развој на енергетскиот сектор, но и за помош и поддршка за нашите сограѓани, порача вечерва генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во гостувањето во Телевизија 24.
– 10 милиони евра АД ЕСМ враќа директно кај граѓаните, за набавка на високоефикасни инвертори. Со ова, 10.000 семејства ќе добијат еколошки и поевтин начин на затоплување, рече Ковачевски, додавајќи дека со тоа се зголемува енергетската ефикасност, но и придонесува за почист воздух и поздрава живтона средина.

Треба да знаете
Последни објави