Search

Клоп: Тоа е фудбалот што сакам да го гледам кога игра Ливерпул

Ливерпул и Милан заедно имаат освоено 13 европски фудбалски титули, па не е случајно што синиќешниот дуел на „Енфилд роуд“ привлече посебно внимание. Со прикажаната игра англискиот и италјанскиот тим потврди дека се тимови за да приредат вистинско дерби. Англискиот премиерлигаш победи со 3:2 во меч со пресврти. Ливерпул имаше водство од 1:0, но потоа Милан со два брзи гола во финишот од првиот дел направи пресврт и на полувреме замина со предност од 2:1. На почетокот на второто полувреме, фудбалерите на тренерот Јирген Клоп заиграа многу подобро, а тоа резултираше со нов пресврт овојпат за Ливерпул на кого му припадна победата со 3:2.

-Многу добро го почнавме мечот. Игравме со страшен интензитет и не му дадовме на противникот да мрдне. Кога малку се опуштивме и веднаш бевме казнети. Во нападот бевме незаинтересирани, а во одбраната слабо се браневме. Воопшто не беше пријатно кога примивме два гола, но верував дека можеме да победиме. Знаев дека почетокот на вториот дел треба да биде ист како што беше стартот на мечот. Дадовме два прекрасни гола и задоволен сум. Тоа е фудбалот кој сакам да го гледам кога играме ние. Важно е што стартувавме со победа затоа што групата е тешка. Овој триумф не одлучува ништо, но добро е што почнавме со три бода, рече Клоп.

Треба да знаете
Последни објави