Search

Кисела Вода спроведе акција за помош на опожарените семејства

Во текот на вчерашниот ден, Општина Кисела Вода, во соработка со Комунална Хигиена Скопје, спроведе акција за изнесување на кабаст отпад од опожарените станови на семејствата од зградата на улицата Народни Херои, и транспортирање на истиот до Дрисла.

Од општината информираат дека во акцијата од опожарените станови се исфрли изгорениот материјал, врати, мебел, итн, со што беа собрани четири камиони кабаст отпад.

„Акцијата е продолжување на активностите на Општина Кисела Вода за помош на граѓаните кои беа дел од немилиот настан. Имено, веднаш после пожарот, за секојдневно расчистување на изгорениот материјал од становите, беа ангажирани дванаест до петнаесет сезонски работници, со соодветна опрема, обезбедена од општината, како заштитни маски, ракавици, работнички одела, чизми, лопати, метли и канти. Отпадот беше пренесуван со камион. До вчера, 25.06.2019 година собрани се 7.500 тони кабаст отпад.

Дополнително, Општина Кисела Вода на граѓаните од опожарените станови им помага и во делот со сместувањето. Во преговори сме и со повеќе компании од овој дел на градот кои ќе ја покажат својата општествена одговорност и ќе им помогнат на граѓаните кои претрпеа штета откако тие ќе ја достават потребната документација“, велат од општина Карпош.

Треба да знаете
Последни објави