Search

Кисела Вода, МТСП, Хера и Светска Банка ќе овозможат домашна нега на старите и лицата со попреченост

Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски денес беше еден од првите седум градоначалници кои заедно со Министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска,  потпишаа петгодишен Договор за подобрување на социјалните услуги. Со овој акт, во кој покрај општината Кисела Вода и МТСП, учествуваат и Светската Банка, како и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера, ќе им се овозможи бесплатна нега и помош на повозрасните изнемоштени лица, како и на лицата со попреченост од овој дел на градот.

Преку вработување на негуватели, оваа категорија на лица негата ќе ја добиваат во своите домови. Услугата опфаќа помош во вршење на основни активности-одржување на лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење на тоалет, како и поддршка во остварувањето на инструментални активности- чистење, перење, готвење, купување на продукти, земање на медицинска терапија и остварување на надворешна мобилност.

Помошта во остварувањето на активности од секојдневниот живот на лицата со намален функционален капацитет кои не можат да се грижат за себе, ќе им овозможи да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Треба да знаете
Последни објави