Search

Кирјос и Кокинакис го елиминираа најдобриот дубл во светот-Хрватите -Павиќ и Мектиќ

Ник Кријос и Танасис Кокинакис, од Австралија опен, успеаја да го елиминираат најдобриот дубл во светот. Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, го положија оружјето пред двоецот, кој на турнирот влезе со специјална покана од организаторот.

Австралиците, подобро се снајдоа во ревијата на брејкови, во првиот сет. Изборија и потоа го добија трај-брејкот, и покрај тоа што Хрватите водеа со 2:4. На крајот Кирјос и Кокинакис ја искористија четвртата сет топка.

Во вториот сет, еден брејк им беше доволен за конечен триумф, него го направија во шестиот гем.

-Играа многу добро, ќе биде тешко да се победат. Ние не успеавме, рекол Мате Павиќ, а потоа го коментирал однесувањето на публиката.

-Гласни се и секако дека навиваат за своите. Но нема да ги „убие“, доколку покажат малку почит и кон противниците, кон другите играчи. Видовме како беше во мечот Кирјос-Медведев. Такви се во Мелбурн, навикнати сме, но како што кажав, би можеле да покажат малку почит.

Треба да знаете
Последни објави