Search

Кире Лазаров позитивен на коронавирус

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, кој е член на француски Нант, е позитивен на коронавирусот, пишува француски 20minutes.fr. Лазаров, според информациите, позитивниот тест го добил на тестирањето за мечот од Лигата на шампиони против словенечки Целје.

Освен Лазаров, позитивен на вирусот е и шпанскиот ракометар во редовите на Нант, Адрија Фигуерас, па поради ваквата ситуација, ЕХФ соопшти дека француско-словенечкиот дуел се одложува. Засега не е одреден нареден термин кога ќе се одигра средбата.

Лазаров, според информациите, немал никакви симптоми, дома е во изолација и ќе биде под комплетен лекарски надзор.

Треба да знаете
Последни објави