Search

Кираџија од Албанија пронајден мртов во стан во Кавадарци

На 05.04.2020 во 12.50 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, А.Б.(42) од Кавадарци пријавил дека во куќа на ул.„11-та Бригада“, во соба каде престојувал, го пронашол починат Л.М.(44) од Р.Албанија.

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави