Search

Кирацовски: СДСМ испиша историја основајќи ги темелите на современата Македонска држава

Никој нема право да го дели членството на СДСМ!

Зоран Заев е лидерот со неприкосновена доверба кај членовите на СДСМ, човекот кој се соочи со тестот на судбината и ги преброди сите премрежјата за добро на државата и граѓаните, додека многумина за тоа го распнуваат.
Бранко Црвенковски е партиска икона кон кого членството има почит.

Ние како социјалдемократи не смееме да дозволиме меѓусебен јаз поради легитимното размислување на кого било во партијата, затоа што демократијата е во основата на нашето делување.

Се знае каде е историјата, а каде иднината – И двете се во СДСМ!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија испиша плодна историја основајќи ги темелите на современата македонска држава!

СДСМ ја обезбеди европска и НАТО иднина и перспектива!

СДСМ сплотена и обединета, ќе излезе како победник и од овие предизвици!
Лидерството кое пред крупни одлуки се базира на јавното мнение, не е лидерство туку следбеништво, а СДСМ знае само за Лидерство!

Треба да знаете
Последни објави