Search

Кирацовски: Битола добива регионален центар за лицата со оштетен вид

Битола добива регионален центар за лицата со оштетен вид кој ќе се простира на 500-тини метри квадратни, со сите неопходни услови за нашите сограѓани со попреченост, најави генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски.

Како што рече, станува збор за современ регионален центар којшто ќе ја има комплетната неопходна инфраструктура ќе биде опремен со најсовремена технологија по највисоките стандарди којшто комплетно ќе ги обезбедат и потребите и барањата на лицата со оштетен вид.

Грижата за лицата со попреченост воопшто е еден од првите императиви на Владата на Република Македонија, на МТСП, на парламентарното мнозинство, а како што гледате и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект се со цел да обезбедиме еднакви можности за развој и за живот на сите наши сограѓани. Свесни дека и статусот, но и грижата за овие наши сограѓани, во минатото, значи зборувам за лицата со оштетен вид, како и севкупно на лицата со попреченост во изминатите години беше на многу ниско ниво, затоа решивме комплетно да се посветиме на решавањето на проблеми на овие драги наши сограѓани и да ги обезбедиме сите неопходни услови за тие да имаат нормален живот како и сите наши останати сограѓани“, рече Кирацовски.

Тој изази надеж дека центарот ќе биде пример за сите општини во земјата, во насока на тоа како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на лицата со попреченост.

Треба да знаете
Последни објави