Search

Кирацовски:Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот Александар Кирацоски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон инцијативата за национално обедување, бидејќи, како што истакна, сите треба да учествуваат во истото. Дали помирувањето ќе биде само за настаните од 27 април или пак пошироко, Кирацоски вели дека ќе се утврди на собраниската комисија.

За амандманите кои треба Владата да ги испрати до Собранието, Кирацоски вели дека има 15 дена, но очекува тие да стигнат до петок.

„Ние сме оптимисти. Секојдневно ќе ги повикуваме сите пратеници кои работат во Собранието да се приклучат кон процесот. Јас сум повеќе од убеден, дека поддршката кон процесот, ќе расте. Ракавицата е фрлена, барањето на овие 8 пратеници е некое наше заедничко барање. Не се откажуваме од нациоанлното помирување. Ние одиме со идејата граѓаните да почуствуваат мир и спокој во сопствената кожа“ рече Кирацоски.

Тој вели дека предлозите за како ќе се одвива тоа помирување, ќе се одлучи на комисијата формирана од Собранието, каде треба да учествуваат сите пратеници.

„Ја поздравуваме историската одлука на Собранието, со која се испочитува волјата на граѓаните. Гласот на 80 пратеници е глас за ЕУ и НАТО. Создадени се услови за уште поголеми услови за спроведување на реформите. Ги повикувам сите пратеници, вклучително и оние кои не гласаа, да се вклучат во спроведување на нацрт-амандманите. Заедно, да ги поддржиме процесите за имплементација на договорот од Преспа“, рече Кирацоски.

„Поддршката за уставните измени ќе расте, верувам во тоа. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски реши да остане изолирано, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат можност да ги надминат овие пречки. 80 пратеници направија неповратен исчекор за иднината на Македонија“ додаде Кирацоски.

Треба да знаете
Последни објави