Search

Кинескиот претседател наскоро во прва посета на Јапонија

Кинескиот претседател Си Џинпинг, првпат од доаѓањето на власт во 2013 година, треба во јуни да ја посети Јапонија, каде во Осака ќе учествува на самитот на најголемите економии на светот Г-20.

Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно ја најави посетата на Си за време на својот престој во Пекинг, каде се сретна со кинескиот премиер Ли Кеџијанг и неговиот кинески колега Ванг Јием.

Тоа ќе биде прв состанок на Си со јапонскиот премиер Шинѕо Абе откако тие двајца се сретнаа на маргините на последниот самит на Г-20 во октомври минатата година во Аргентина.

Самитот на Г-20 треба да се одржи кон крајот на јуни во Осака.

Кина и Јапонија во последните месеци работат на подобрување на односите, договарајќи економска соработка, вклучувајќи трети пазари како што е Тајланд.

Треба да знаете
Последни објави