Search

Кинеска делегација в четврток во Вашингтон на разговори за царинската војна

Кинеска делегација предводена од вицепремиерот Лиу Тој во четврток ќе престојува во Вашингтон за да се обиде да преговара за ставање крај на царинската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Во делегацијата ќе бидат и министерот за трговија, гувернерот на Централната банка и кинески експерти во областа на индустријата, технологијата и земјоделството.

Пред разговорите, двете држави презедоа неколку чекори кон помирување, вклучително и укинување или одложување на казнени царини. Сепак, немаше знаци на напредок во решавањето на трговските спорови и амбицијата на Пекинг да стане технолошки лидер.

Кина и САД взаемно ги зголемија царините за увоз на стока до милијарди долари, што предизвика загриженост дека нивниот спор би можел да ја турне во рецесија глобалната економија.

Треба да знаете
Последни објави