Search

Кинеската политика кон Тајван останува непроменета и покрај резултатите на изборите

Пекинг нема да ја промени својата политика кон Тајван, која сега се гледа преку политичката рамка „една земја, два система”, и покрај големата поддршка на избирачите на претседателските и парламентарни избори од минатиот викенд за актуелната претседателка и нејзината партија, кои се залагаат за независност на Тајван.
Портпаролот на Канцеларијата за тајванси работи, Ма Сиаогуанг , изјави дека Кина и натаму инсистира на таканаречениот „92 консензус”, што Тајван и Кина ги признава како два дела на единствената кинеска нација.
-Нема да се мешаме или да ги критикуваме изборите во Тајван. Овој круг од локалните избори не може да го промени ставот на Тајван како дел од Кина, рече Ма.
Тој додаде дека различните политички системи „не се ни пречка ни изговор” за одржување на моменталната состојба со независнота на Тајван.
Тајванската претседателка Цај Инг-вен во саботата беше реизбрана на функцијата, додека нејзината Демократска напредна партија го задржа мнозинството во парламентот.
Резултатот од изборите претставува силна поддршка на избирачите за нејзиниот цврст став кон Кина.
Тајван разви свој посебен идентитет откако во граѓанската војна во 1949 година се одвои од Кина,  но никогаш официјално не прогласи независност. пекинг полага право врз островот со 23 милиони жители и се заканува дека може да употреби и сила за да го освои.
Треба да знаете
Последни објави