Search

Кинезот Кју Донгју нов генерален директор на ФАО

Кинескиот заменик-министер за земјоделство Кју Донгју денеска беше избран за нов генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

На самитот на 194 земји членки во седиштето на таа организација во Рим, се гласаше за тројца кандидати.

САД го поддржаа поранешниот грузиски министер за земјоделство Давит Кирвалидзе, додека кандидатот за ЕУ беше поранешниот француски министер Катрин Геслан Ланел.

Кју е првиот функционер од комунистичка земја на таа позиција.

Тој на функцијата генерален директор на ФАО ќе го наследи Жозе Гразиано де Силва, а неговиот мандат ќе трае четири години.

Треба да знаете
Последни објави