Search

Кина ја повика Канада да ја ослободи потпретседателката на „Хуавеј“ во спротивно ќе се соочи со последици

Кинеското министерство за надворешни работи ја повика Канада веднаш да ја ослободи потпретседателката и финансиска директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу, кој е уапсена пред седум дена и ја предупреди Отава дека во спротивно ќе се соочи со последици.

Канадскиот амбасадор во Пекинг беше повикан во Министерството каде заменикот шеф на кинеската дипломатија, Ле Јученг, го предупреди и му врачи остар протест, пренесе Ројтерс.

Менг, која беше уапсена на 1 декември, се товари за наводно кршење на американските санкции, според неименуван извор за „Ројтерс“.
Извори на агенцијата велат дека САД ја истражуваат компанијата „Хуавеј“ уште од 2016. година за наводен извоз во Иран на производи со потекло од САД, што претставува кршење на санкциите кои Америка ги има воведено кон таа земја.

Треба да знаете
Последни објави