Search

Кина се надева дека ќе воспостави контрола на епидемијата до крајот на април

Експерт од Националната комисија за здравство на Кина изјави дека земјата ќе воспостави основна контрола на епидемијата на коронавирусот до крајот на април, бидејќи вчера била забележана најмала смртност од новиот вирус во претходниот месец.

Експертот за респираторни болести, Џонг Нансан на прес-конференција во Гуангжу изјави дека епидемијата на коронавирус сè уште не го достигнала својот врв, но дека тоа ќе се случи до крајот на месецов.

„Убедени сме дека ќе имаме основна контрола врз епидемијата до крајот на април“, рече Џонг.

Епидемиолошките податоци покажуваат дека едно лице може да зарази две или три лица.

Во Кина се пријавени 433 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени е 78.497, соопштија денеска властите. Од вирусот во Кина досега починаа 2.744 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави