Search

Кина направи виртуелна преобразба на музичкото шоу за таленти

На прв поглед, се чини дека нема ништо посебно во уште еден натпревар во пеење во Кина која е опседната со шоу за таленти, но „Дименжн нова“ овој пат е поинакво – сите натпреварувачи се виртуелни.

Во оваа виртуелна естрада на виртуелни идоли од кинеската стриминг-платформа iQIYI, има тројца судии – селебрити личности – кои треба ја пронајдат следната голема sвезда.

Иако концептот е познат, реализацијата е нешто што не сме виделе порано.

Натпреварувачите излегуваат во пространа сала, во која неизбежниот скелет „Ти-рекс“ виси од високиот плафон, и натапуваат пред жирито во реално време.

Но, овие пејачки надежи не се реални, наместо тоа, тие се дигитални креации, нацртани и обликувани како јапонски аниме фигури.

iQIYI, најпознат по популарните шоуа за таленти како што е The Rap of China, ја истражува футуристичката територија со најновиот телевизиси потфат.

Покрај 32 виртуелни претенденти, има и антропоморфна лисица со пет опашки, облечена во одело, и една фока – и двете на аудиција за место во жирито.

Треба да знаете
Последни објави