Search

Кина загрижена заради одлуката на САД да развиваат ракети

Кина е многу загрижена од тоа што САД планираат да развијат ракети од среден дострел и да ги распоредат во азиско-пацифичкиот регион, изјави денеска генералниот директор на кинеското Одделение за контрола на оружјето при Министерството за надворешни работи, Фу Конг.

-Многу сме загрижени од плановите САД да развиваат и тестираат ракети од среден дострел. Загрижени сме и заради ставовите на официјални лица од американската администрација овие ракети во блиска иднина да се распоредат во азиско-пацифичкиот регион, рече Фу, пренесува Тасс.

Тој додаде дека Кина жали и заради тоа што САД одлучиле да се повлечат од нуклеарниот договор со Русија (ИНФ), додавајќи дека Кина смета дека е тоа уште еден едностран потег и откажување од меѓународните обврски.

Треба да знаете
Последни објави