Search

Кина го забрани тргувањето со диви животни

Во екот на борбата против коронавирусот, Кина денес одлучи да забрани нелегална трговија и прехрана со диви животни.

Во клучен момент за контролата на епидемијата од коронавирус, Постојаниот комитет на Народниот кинески конгрес донесе посебна одлука со цел веднаш да се забрани употребата на диви животни во исхраната, како и незаконската трговија со диви животни, со цел да се извојува победа во борбата со коронавирусот и да се заштити здравјето на жителите, пренесоа кинеските медиуми.

Според сегашните законски правила со кои се забранува употреба на диви животни во исхраната, забраната е ограничена на диви животни под државна заштита и други диви животни без законско потекло.

Најновата одлука поддржува сеопфатна забрана за исхрана со животински свет и предвидува казни за прекршителите.

Оваа одлука денеска и официјално стапи во сила.

Треба да знаете
Последни објави