Search

Ким Џонг-ун незадоволен од коментарите на Трамп за употреба на воена сила врз Пјонгјанг

Началникот на Генералштабот на севернокорејската војска Пак Џонг- чон  изјави дека бил разочаран од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој предлага употреба на воена сила врз Пјонгјанг и предупреди дека било каков напад ќе предизвика брз одговор.

Севернокорејската агенција КЦНА пренесе дека и лидерот Ким Џонг-ун бил незадоволен од изјавите на Трамп дадени на самитот на НАТО во Лондон.

Според Пак Џонг-чон, за САД ќе биде „ужасна работа” доколку се решат да почнат таков напад. Исто така, вели тој, Северна Кореја ќе преземе „брзи соодветни акции на било кое ниво”.

Трамп вчера изјави дека и натаму има доверба во Ким Џонг-ун, но дека забележал дека тој сака да лансира ракети заради што, дополни, го нарекува „човек ракета”.

Трамп, исто така, кажа и дека Вашингтон може силата да ја употребува колку тоа ќе биде потребно.

Треба да знаете
Последни објави