Search

Ким му испрати помирлива порака на Трамп

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му испрати на американскиот претседател Доналд Трамп помирлива порака во моменти кога застанаа преговорите за нуклеарната програма на оваа земја, објави денеска јужнокорејски весник.

Пораката на Ким во облик на писмо е предадена во петокот, наведува весникот, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори. Во извештајот не се наведуваат детаљи од пораката, но пишува дека се однесува на преговорите меѓу двете земји и дека има помирлив тон.

Вчера канцеларијата на јужнокорејскиот претседател Мун Жае ин објави дека Ким испратил писмо до јужнокорејскиот колега во кое порачал дека сака повеќе меѓукорејски самити во следната година, за да се постигне нуклеарно разоружување на полуостровот.

Ниту американското министерство за надворешни работи ниту американската амбасада во Сеул немале коментар за извештајот за порака на Ким до Трамп.

Треба да знаете
Последни објави