Search

Кими за Фетел: Во Формула 1 сакаат борба, а потоа ве казнуваат за тоа

Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен не гледа логика и праведност во активностите на стјуардите кои го казнија неговиот поранешен тимски колега Себастијан Фетел во Канада.

Според стјуардите, пилотот на Ферари се вратил опасно на патеката, затворајќи го на тој начин Луис Хамилтон, по што го казнија со 5 секунди, а тоа го чинеше победа во трката.

– Не сакам да влегувам во дискусија, но не видов во активностите на Себ во Монтреал нешто што е казниво. Но некој друг видел. Кога се враќаш на трасата, се обидуваш да не се удриш во ѕидот. Чудно е, бидејќи во почетокот на сезоната се зборуваше дека ќе се поттикнува машката борба и битка на патеката, но потоа се наметнуваат казни, што не ми се допаѓа, прокоментира Финецот.

Ледениот потоа зборуваше за проблемите во болидот на Алфа Ромеа, тим за кој настапува оваа сезона.

– Во одредени моменти и кривини, болидот се однесува прекрасно, во други – чудно. Потисокот не е добар ако се спореди со болидите на ривалите. Не сме далеку од ривалите, но треба да се потрудиме. Не можам да кажам дека болидот ни е послаб од првите трки, едноставно нашите ривали ги решија своите проблеми, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави