Search

Кибер напад врз белгиското Министерство за надворешни работи

Целата интернет мрежа на белгиското Министерство за надворешни работи и на дипломатските служби е исклучена откако бил извршен обид за кибер напад.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, истрагата за случајот е во тек.

Извори од Министерството соопштија дека хакерскиот обид за упад во белгиските дипломатски служби се третира „многу сериозно”.

Преземени се низа итни мерки на заштита за сите сервери во Министерството, а за тоа време интернет мрежата ќе биде исклучена освен во делот на внатрешната комуникација.

Процесот на рестартирање на серверите може да трае до три дена. До тогаш не функционираат ниту веб сајтовите на Министерството и на амбасадите, ниту нивните апликации.

Истрагата треба да го идентификува изворот на овој обид за хакирање, кој бил навремено спречен благодарение на безбедносните мерки кои се преземаат, велат изворите во белгиското Министерство за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави