Search

Кејт плачела пред венчавката на Меган: „Тие воопшто не се согласуваат“

Кејт Мидлтон плачела откако нејзината ќерка Шарлот го пробала фустанчето кое го носела како деверуша, на венчавката на чичко Хари и тетка Меган Маркл, тврди ивор од палатата.

Војвотката од Кембриџ пред венчавката го родила принцот Луј, а на пробата, според зборовите на изворот, таа била „прилично емотивна“.

Овие сведоштва стигнале после објавите на медиумите дека 37-годишната Меган и 36-годишната Кејт не се најдобри пријателки, бидејќи се „потполно различни личности“, кои „воопшто не се согласуваат“. Сето тоа се вклопува со одлуката на Меган и Хари да се преселат од Кенсингтонската палата во „Frogmore Cottage“.

Камила Томини,  изјавила дека два извори ѝ потврдиле дека Кејт плачела откако Шарлот го пробала фустанчето.

„Меган знае да биде тешка. Таа има многу високи стандарди, на кои се навикнала во Холивуд. Овде сепак постои поинакво ниво на почит кон вработените во палатата, а Кејт секогаш внимава како се однесува кон нив“, рекол изворот.

Наводно Хари и Меган не сакаат да живеат во палатата, бидејќи ги асоцира на аквариум за златни рипки.

Во меѓувреме успеале да ја налутат и неговата сестра, принцезата Јуџин, бидејќи не се појавиле на нејзиниот прием, откако се венчала. Наводно уште на нејзината венчавка луѓето зборувале дека Меган е бремена, што невестата не ја воодушевило премногу, бидејќи тоа сепак било нејзин ден.

Треба да знаете
Последни објави