Search

Кејт и Вилијам објавија фотографии од карантинот во нивната раскошна палата

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца Џорџ (6) Шарлота (4) и Луис (1) се повлекоа во изолација во кралската резиденција во Кенсингтон, откако беше прогласен карантин во Велика Британија.

Вилијам и Кејт преку социјалните мрежи покажаа дека работат и во изолација, па затоа се фотографираа во раскошната канцеларија на нивната палата со десет спални соби.

Како што најавија, наскор ќе го претстават проектот вреден 5 милиони фунти за психолошка помош на граѓаните на Велика Британија за време на карантинот.

„Џорџ, Шарлота и Луис уживаат во пространите градини на Анмер Хол“, изјави близок пријател на кралската двојка за британскиот печат.

Треба да знаете
Последни објави