Search

Кени Роџерс не се предава, планира да пее уште долги години

Откако беше пренесен во болница поради тешка дехидратација, легендарниот блуз и кантри пејач Кени Роџерс (80) на Твитер им се заблагодари на обожавателите за нивните желби што побрзо да оздрави и порача дека планира да остане тука уште многу години.

„Кени беше подложен на болничко лекување во локалната болница во Грузија и го третираат за дехидрација“, се вели во соопштението на Твитер.

Исто така се додава дека Роџерс ќе остане таму додека не ја заврши целосно физикалната терапија за да ја поврати својата сила.

„Ја цени вашата загриженост и добри желби и ве уверува дека планира уште долги години да остане тука“, се заклучува во соопштението.

Роџерс минатата година од здравствени причини мораше да ги откаже сите настапи до крајот на годината и да се фокусира на своето закрепнување.

Во својата долга кариера, Роџерс објави вкупно 76 албуми што ги продал во повеќе од 200 милиони примероци, а по успешната кариера сака да се посвети на многубројното семејство. Се женеше пет пати и има пет деца со четири жени.

Треба да знаете
Последни објави