Search

Кекеновски: На СДСМ И ДУИ не им е потребен претседател на државата!

Објавувањето на законите за двојазичност и уставни измени во Службен весник без потписите на претседателот Ѓорге Иванов предивика лавина реакции од политичарите. Меѓу нив е и професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, кој ја обвини власта засамоволие.

-Стручната служба на Собранието на РМ се сведе на Нотар вршејќи заверки на копии верни на оригиналот воспоставувајќи пракса и преседани за правно самоволие невидено во западните демократии во кои се колне и за кои ,,копнее” владината коалиција. Службен весник ја превзема надлежноста на Уставниот суд констатирајќи дека Претседателот на Републиката не ја извршил обврската.Човек да се запраша дали е потребен Претседател на Македонија кога власта на чело со СДСМ и ДУИ узурпираа се, напиша Кекеновски на Фејсбук.

 

https://www.facebook.com/jove.kekenovski/posts/1250079241822160

Треба да знаете
Последни објави