Search

Кевин де Бруин: Ако Сити не ја освои ЛШ, сите ќе речат дека сме губитници

Фудбалерот од средниот ред на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Кевин де Бруин, ги сподели своите размислувања пред одигрувањето на првиот меч од осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, закажан за в среда во шпанската престолнина.

-Секако, Реал Мадрид е фаворит. Тие имаат освоено најмногу трофеи во ЛШ. Но, мислам дека ние, како и секогаш, ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал и да дејствуваме во напаѓачки стил. Ќе се обидеме да ги ставиме под притисок, да имаме добар натпревар и, ако е можно, да победиме. Ако не ја освоиме Лигата на шампионите, тогаш сите, како и во последните 5 години, ќе речат дека сме губитници. Ова е натпреварување на кое сè уште не сме победиле. Секогаш сакаме да ги земеме сите трофеи, изјави Де Бруин.

 

 

Треба да знаете
Последни објави