Search

Кај четворица тетовци при претрес на возило пронајдени марихуана и кокаин

Вчера околу 22,20 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на паркинг покрај автопатот Тетово – Скопје, забележале патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале Д.М.(39), А.М.(23), В.Ѓ (41) и Б.Ц. (41), сите од Тетово. При преглед во возилото и подоцна на А.М. пронајдена е марихуана и остатоци од кокаин. Лицата се лишени се од слобода и задржани за натамошна постапка. Пред лишувањето од слобода Д.М. нападнал полициски службеник. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави