Search

Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Штотуку го потпишав ратификуваниот закон на историскиот Договор од Преспа. Грција е протагонист во мирот и стабилноста на Балканот и Европа. Нова ера во нашите односи со нашите соседи, напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил.

Треба да знаете
Последни објави