Search

Катица го тужи Боки дека неовластено ја снимал

Поранешната специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева го тужи првообвинетиот во случајот “Рекет” Бојан Јовановски Боки-13, дека нелегално ја снимал.

Тужбата беше денеска презентирана во судница кога беа изведувани дополнителните докази.

-Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

На претходните судења кога се презентираа материјалните докази, имаше фотографија од Катица Јанева фотографирана во дневната соба од нејзината куќа, а пред неа се гледаа банкноти евра.

Треба да знаете
Последни објави