Search

Катица го изгубила вториот мобилен во Белград

Oбвинителката Вилма Русковска во интервју за Сител рече дека синот на Катица Јанева, Лазар Јанев на истражителите им рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Лазар Јанев е директор на маркетинг во 1ТВ, каде по апсењето на Бојан Јованосвки беше извршен претрес.

Во понеделникот, 15 овој месец, полиција по налог ѝ го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева, но не и другиот за кој изјавила дека го изгубила.

Русовска истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ од сведокот, снимени во неговиот дом, кои тој ги снимал пред да го пријави рекетот. Откако ги пријавил осомничените, почнало официјално следење со ПИ мерки.

Таа нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на јавниот обвинител, како и дека се проверуваат мобилните пликции.

Треба да знаете
Последни објави