Search

Касами: Не може за правда да одлучуваат политички фактори кои бегаат од неа

Aпсолутно е неприфатливо две страни вклучени директно или индиректно во судски постапки или во истраги на СЈО да преговараат за иднината на ваквите важни институции во државата, рече на прес-конференција претседателот на Движење БЕСА, Биљал Касами, алудирајќи на неуспешната вчерашна средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, како политички претставници на ДУИ, не можат да одлучат да имаат независен и професионален судски систем, бидејќи обете страни заедно со нивниот заеднички именител ДУИ се актери кои сакаат да избегаат од правдата“, порача Касами.

Како што рече тој, не е прифатливо за правдата и за владеењето на правото да преговараат токму оние кои ја избегнуват правдата и повика на формирање на т.н. Државна комисија.

„Неопходно да се прифати предлогот на Движењето Беса за Државна комисија составена од експерти каде што ќе учестуваат и САД и ЕУ со одлучувачко право. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на јавното обвинителство, судовите и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување правда и владеење на правото“, истакна лидерот на Движење Беса.

Посочи и дека ваквата Државна комисија ќе мора да го спроведе процесот на ветинг кој, како што кажа, е процес без кој Северна Македонија никогаш нема да може да излезе од транзиција.

Треба да знаете
Последни објави