Search

Канчевска: Гласав за уставните измени поради државен интерес

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска негираше дека била уценувана, ниту, пак се пазарела со власта за да гласа за подршка на уставните амандмани, за кои свој глас дадоа осумината избркани пртеници од ВМРО-ДПМНЕ. Таа се појави на продолжението на судскиот процес на СЈО, „Тендери“, во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување за време на изградбата на Музејот на македонската револуциона борба.

-Едно е уставните измени и моето гласање во таа насока и ставањето на државните интереси пред се. Стојам цврсто, јасно и гордо зад таа моја одлука. Во ниту еден случај не сум уценета, или некого сум уценила по однос на овој предмет. Гласањето на кривичниот законик нема врска со самиот предмет и со овој судски процес. Како и досега, знаете дека кога бев министер за култура јавно излегов на прес конференција, со целокупниот материјал, со сите докази, со сите дејствија, кои што како министерство за култура сме ги реализирале. Ќе се трудам како и до сега така и во иднина преку оваа доказна постапка да ја информирам јавноста дека се запазени сите закони и процедури во нашата држава- рече Канческа-Милевска.

Треба да знаете
Последни објави