Search

Камион излетал од пат кај Пелинце, „БМВ“ се истумбало во Штип

На 01.06.2020 во 19.40 часот било пријавено дека на улица Железничка во Штип патничко возило „бмв“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(38) од Штип, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде бил префрлен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Штип.

На 01.06.2020 во 14.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, на место викано „Змејковец“, товарно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(30) од Куманово, излетало од патот и удрило во жичана ограда.

По незгодата, сопатникот Р.Р.(41) од Куманово бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави