Search

Камионџија од Драслајца казнет со 4.000 евра, не седел во самоизолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(37), од струшкото село Драслајца.

Обвинетиот на 16 март со камион пристигнал на граничниот премин Табановце и пријавил дека патувал од Данска како земја со среден ризик за зараза со вирусот COVID 19. На граничниот премин бил запознаен со определените мерки за сузбивање и спречување на внесување и ширење на вирусот и потпишал изјава за задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. Но, уште истиот ден се јавил за излез кон Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, преминал во Република Албанија и повторно се вратил во државава истиот ден преку истиот граничен премин. На 18 март повторно не бил затекнат во домот од страна на припадниците на МВР-ОВР Струга кои вршеле проверка дали обвинетиот ги почитува прописите и задолжителната самоизолација.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби по 40 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави