Search

Камалванди: Иран го надмина лимитот за збогатување ураниум

Иран го надмина ограничувањето од 3,67 отсто за збогатен ураниум, што е лимит утврден со нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, соопшти денеска портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, Бехроуз Камалванди.

Камалванди изјави дека „засега не е потребно збогатување ураниум над 20 отсто”, но дека Техеран ќе го стори и тоа „ доколку го посака”, јави агенцијата ИРИБ, пренесена од западните медиуми.

Американските медиуми наведуваат дека сега збогатениот ураниум е на ниво од 4,5 отсто.

Иран претходно денеска повтори дека Европа ја има последната шанса во следните 60 дена да се обиде да го спаси нуклеарниот договор.

Според шефот на иранската дипломатија Абас Мусави, Техеран веќе нема да нуди „крајни рокови” за спас на договорот.

Треба да знаете
Последни објави