Search

Калиопи: Наближува 16 октомври, и тагата ми го стега грлото се повеќе и повеќе

По повод 14 -годишнината од загинувањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска, нашата позната пејачка Калиопи Букле на својот инстаграм – профил сподели видео во кое се слуша дел од нејнзина песна чии стихови ги посвети на Тоше.

Таа му ги посвети стиховите од песната „Bar da si tu“ и напиша:

„Барем да си тука и да те имам крај себе

Барем уште еднаш

моите раце сега да те гушнат.

Наближува 16 октомври, и тагата ми го стега грлото се повеќе и повеќе“.

Треба да знаете
Последни објави