Search

Како Владата на ВМРО-ДПМНЕ дозволила да се почне со изградба на болницата во Штип без систем за електрика?

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

„Партијата ВМРО-ДПМНЕ – синонимот за најголемиот криминал да престане да манипулира со граѓаните и повикуваме Обвинителството слободно да го истражи непостоечкиот случај со Клиничката болница во Штип.

Со стапувањето на функција на министерот за здравство Венко Филипче затекнат е нецелосен проект на којшто недостасува една цела фаза на електрика во машинството за изградба на болницата во Штип.
За да стане појасно, предвидените дополнителни 7 милиони евра за штипската болница се неопходни заради имплементација на фаза на електрика во проектот за машинство
Оттаму, бараме одговор на следново:
– Како претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнала изградба на болницата на нецелосен проект каде недостига системот за електрика?
– Кој дозволил да се отпочне со изградба без систем за електрика?
– Како може болница да функционира без електрика? Како може пациентите да ја добијат здравствената заштита во болница без електрика?
ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави цунами во јавното здравство. Здравствени работници без зголемени плати и пациенти без лекови.
ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави урнисан здравствен систем без подобрени услови за работа во јавно-здравствените установи.
Единствено ВМРО-ДПМНЕ што направи е што пушти во реализација проект за изградба на болница во Штип без систем за електрика. Тотален аматеризам.
Следната прес-конференција на оваа тема, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја одржи пред својот партиски штаб, затоа што одговорите треба да си ги бараат од белата палата.
Повикуваме Обвинителството да го истражи случајот со болницата.“
Треба да знаете
Последни објави