Search

Стоилковски: Болница во Штип нема !

Болница во Штип нема, а наместо казна за изведувачот, по две години доцнење со проектот, Венко Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра – изјави за медиумите Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет 3“!
Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај.
Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница?
Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница?
Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија?
Почитувани,
Сето ова длабоко го нарушува договореното на тендер за градба на болницата, најмногу во делот на цената за изведување, како приоритет во условите за добивање на тендерот?
Ако за проект вреден 30 милиони евра и веројатно во себе содржи и рамка минимум од 2 милиони евра за непредвидени трошоци, сега се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот, работата е длабоко загазена.
Тоа е дел од работата на обвинителството кое мора, според закон, во овој случај да поведе постапка по допрен глас!

Треба да знаете
Последни објави