Search

Казнети 92 возачи поради пребрзо возење

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 92 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 40 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет возачи затоа што биле возачи-почетници и седум возачи за сторени останати сообраќајни прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило, бидејќи 19 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се четворица пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози и 42 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобилo со тешки телесни повреди, а четири со телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави