Search

Кадри Весели: Во наредните денови ќе донесеме мудри одлуки во врска со таксите

Само неколку дена откако тој предложи суспензија на таксите од 100 отсто што ги наметна официјална Приштина за стока од централна Србија и БиХ, претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели, рече дека тие сепак ќе останат на сила.

Весели, исто така, рече дека властите во Приштина во наредните денови ќе донесат мудри одлуки.

За време на неговата посета на основно училиште во Урошевац, тој рече дека таксите се наметнати за доброто на Косово односно како начин да се заштитат косовските интереси, објавија медиумите во Приштина, а пренесува агенцијата „Танјуг“.

Говорејќи за можна суспензија на таксите, Весели рече дека тоа е барање од САД и дека тоа би била привремена мерка.

Според него, од суштинско значење е Приштина и Вашингтон во ниеден момент да немаат различни позиции кон Белград.

Приштинскиот веб-сајт „Зери“ пренесува дека Весели испратил предлог со цел да се зачуваат интересите на Косово и партнерството со САД.

Се претпоставува дека претходно документот му бил предаден на американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, на состанокот на 23 јануари, на кој присуствувал и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави