Search

Кавани: Нејмар минува низ тежок период

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани му посака на соиграчот Нејмар брзо закрепнување. Бразилецот поради повреда отсуствува од Купот на Америка.

– Разговарав со Нејмар за неговата ситуација кога тој беше во Франција. За време на Купот на Америка, ние не комуницираме. Тој се соочува со тежок период поради неговата повреда. Му реков да се смири и да го направи она што мора. Сето тоа е тешко за него. Но, тој има умешност да се справи. Се надевам дека ќе се опорави што е можно поскоро. Му посакувам се најдобро. Тој мора да помине низ сето ова и да го остави зад себе, изјави Кавани.

Уругваецот еден период не беше во добри односи со бразилскиот напаѓач.

Треба да знаете
Последни објави