Search

И Сталоне под истрага поради сексуално злоставување

Американски обвинители отворија истрага за да утврдат дали актерот на акциони филмови, славниот Силвестер Сталоне, треба да биде кривично гонет поради сексуално злоставување пријавено минатата година.

 

„Случајот е предаден во полицијата во Санта Моника,  во близина на Лос Анџелес“, пренесуваат локалните власти и додаваат дека случајот е поврзан со Сталоне.

Обвинителството во Лос Анџелес пренесе дека една жена во ноември минатата година го обвини Сталоне, актерот најпознат по улогите во филмовите „Роки“ и „Рамбо“, дека сексуално ја злоставувал во деведесеттите години.

Ова обвинение доаѓа во време на се повеќе присутното движење , кое започна после сексуалниот скандал кој ја погоди холивудската филмска индустрија.

Адвокатот на актерот во декември истакна дека Сталоне ги негира обвиненијата, но призна дека имал врска со таа жена во 1987 година, за време на снимање на еден филм во Израел.

Адвокатот додаде дека Сталоне, кој во јули ќе наполни 72 години, планира да поднесе тужба против таа жена чие име не е соопштено, поради давање на лажни изјави околу нивната врска.

Треба да знаете
Последни објави