Search

И Скубе заминува од Вардар

Словенечкиот ракометен интернационалец Сташ Скубе од редовите на македонскиот, регионалниот и европскиот машки првак Вардар е следниот кој ќе ги напушти „црвено-црните“. Ова Словенецот го соопшти на „Инстаграм“ каде напиша:

-Горд сум што го носев дресот на Вардар две години и екстремно сум горд на сето она што го постигнавме во последниот период! Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на сите соиграчи, навивачи и луѓето што ни даваа поддршка и во добри и во лоши времиња. Му посакувам сè најдобро на Вардар и се надевам дека во иднина клубот ќе биде на нивото кое го заслужува. Летово го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно. Вистинската љубов е навиката да се враќаш назад. Еден живот, една љубов“, напиша Скубе.

Скубе своите ракометни квлитети ги потврди токму во редовите на Вардар откако не се докажа во редовите на ПИК Сегед.

Треба да знаете
Последни објави