Search

И Општина Бутел дел од проектот за подобрување на општинските услуги

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски присуствуваше на свеченото потпишување на Договорот за користење на Грант за успешност.

Преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка,на 12 општини денеска им се ставени на располагање 165 милиони денари кои ќе се користат за изградба на локални улици, водоводи, реновирање градинка, набавка на механизација и изградба на скејт парк.


Општина Бутел со грантот од 3,66 милиони денари ќе ги искористи за набавка на специјална машина – метларка,која ќе придонесе за модернизација и надградба на капацитетите на општината со цел подобро и поефикасно одржување на чистотата на јавните површини и другите населби како и повремено чистење и миење на јавни и сообраќајни површини.

Треба да знаете
Последни објави