Search

И Мотор има играчки проблеми како Вардар пред меѓусебниот дуел во Скопје

Украинскиот ракометен шампион Мотор Запорожје има исти играчки проблеми како македонскиот, регионалниот и европскиот првак Вардар, пред саботната пресметка од групата во Лигата на шампионите која треба да се одигра в сабота(17.30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“.  Мотор на гостувањето во Скопје доаѓа без двајцата станадардни бекови Станислав Жуков и Денер Јанима, кои пред десетина дена се преселија во Спартак Москва, каде замина и вардаровиот бек Павел Атман, а сега остана и без левото крило Игор Сорока и голманот Виктор Киреев.

Тие двајцата не се на листата со патници за дуелот во Скопје, објави екипата на Мотор на официјалниот клупски сајт.

Замена за Сорока ќе биде Александар Касај, додека Виктор Киреев ќе го менува Михаил Будко, кој веќе настапи против Вардар на дуел од СЕХА лигата во Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави