Search

И гатачката на Груевски во бомбите од „Монструм“

Овој разговор, според податоците на Обвинителството, кое е предлагач на доказите, е направен на 13 април 2012 година во 14 часот. Соговорник на гатачката Најденова во овој разговор е Ленче Самарџиска, секретарка на поранешниот премиер- објави МКД.

Во комуникацијата се слуша како гатачката на секретарката ѝ одговара дека тоа што ќе ѝ го каже во врска со убиените момчиња не е убаво и нема да им се „свиѓа“. Во разговорот ѝ предвидува дека јавноста ќе биде во шок од тоа што ќе излезе на виделина, дека сè ќе се открие и дека, како што вели, пак ќе има „умешано“ некој со униформа.

„Од тоа што ќе излезе на виделина ќе бидеме во шок. Ќе има вмешано униформа пак, ама ќе те чекам Лена, без твоја контрола не можам“, ѝ вели во разговорот Најденова на Самарџиска.

Откако заврши пуштањето на разговорот меѓу двете жени, обвинителката Фатиме Фетаи на присутните во судница им појасни дека едната од нив е гатачка. На ова судијата Огнен Ставрев им се обрати на родителите на убиените момчиња, кои денес беа во судницата, и им рече дека со заеднички сили на судот и обвинителството ќе дојдат до вистината. На ова Фетаи се надоврза дека тоа е нешто што надлежните им го должат на убиените момчиња.

Треба да знаете
Последни објави