Search

И втора жртва на коронавирусот во Италија

Во Италија почина уште едно лице заразено од коронавирусот, соопштија здравствените власти.

Втората жртва на ковид-19 во таа земја е жителка на регионот Ломбардија.

Првиот починат од коронавирусот беше 77-годишен маж од Падова во регионот Венето.

Италија досега има регистрирано 30 заразени случаи од новиот вирус.

Во повеќе од десет градови во италијанските региони Ломбардија и Венето една недела ќе бидат затворени сите училишта, продавници и ресторани поради ширење на коронавирусот во таа земја.

Првичниот налог, кој го издаде италијанското Министерство за здравство, опфати десет градови околу Лоди, југоисточно од Милано, но некои градови надвор од тоа подрачје, како што е Кремона, вовеле сопствени рестрикции. Властите ги повикаа граѓаните да останат мирни.

Истовремено, денеска во Рим пристигнаа 19 италијански државјани кои изминатите две недели беа во карантин на крузерот „Дајмонд принцес”, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама. Тие веднаш се префрлени во воената база Чекињола, каде ќе останат во изолација уште две недели.

Треба да знаете
Последни објави